Грчката полиција со солзавец и шок-гранати против гневните демонстранти
Антифашистички протести ја тресат Грција. Грчката полиција употреби солзавец и шок-гранати за да ја растера толпата гневни демонстранти кои учествуваа во антифашистички протест. Демонстрантите по полицијата фрлаа со молотови коктели и камења. Во протестите учествуваа над 5.000 луѓе. Речиси 1.000 демонстранти се судирија со полицијата, а во протестите повреден е и еден полицаец.
Судирите почнаа за време на антифашистиочки митинг на местото каде во ноќта спроти среда беше убиен со нож 34-годишниот музичар Павлос Фисос.
- Го повикувам општеството и институциите да реагираат, и повикувам на политичка волја за борба против таа одвратна појава. Сите сме должни да не дозволиме отворени врати за фашизмот, изјави грчкиот претседател Каролос Папуљас.