Ештон го осуди убиството на припадникот на Еулекс во Косово
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, најостро го осуди нападот врз припадници на Еулекс во Косово, при што полицаец го загуби животот.
Ештон истакна дека е „многу тажна заради смртта на припадник на Еулекс од Литванија на север во Косово денеска“, и упати сочувство до семејството и пријателите на жртвата.
" Извршителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата", додаде Ештон.
19.09.2013 - 13:35
Фото:
Дневник