Ѓорчев: Владата на Заев донесе демографски колапс
Во Македонија се случува демографска катастрофа, се случува рапиден пад на бројот на родени бебиња, историски најмал во историјата на Македонија и се случува жесток пад на бројот на ученици во македонските училишта, изјави Владимир Ѓорчев, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако во економијата се случи пад од 1,2 или 3 проценти тоа се прогласува за економска криза, се воведуваат итни мерки, се прогласува економска катастрофа. На Владата на Зоран Заев и се случува најмал број на родени деца во историјата на Република Македонија во 70 години наназад, откако има статистика во Македонија и тој пад таа демографска рецесија изнесува 6,3 проценти“, изјави Ѓорчев.
Ова, вели Ѓорчев е резултат на анти-семејните и анти-економските политики на Владата на Зоран Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа