Македонската царина ќе се поврзе со тарифниот систем на ЕУ

 

Денеска директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, најави дека Царинската управа на Република Македонија ќе се поврзе со тарифниот систем на Европската унија.  Се работи за проект со кој се прави уште еден чекор во процесот на реформите кон ЕУ и ќе функционира пред Република Македонија да влезе во Унијата.

 

- Овој проект ќе придонесе кон градење на капацитетот на Царинската управа, рече Каргов, посочувајќи дека во насока на приближување кон стандардите на ЕУ се користат повеќе програми, а преку ИПА програмата ќе се подобрува инфраструктурата на граничните премини Табановце и Ќафасан.

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, посочи дека проектот обезбедува поефикасен систем на царина и оти е предност за спречување на недозволена трговија со стоки и корупцијата.

Инаку, се работи за бизнис концепт што ги групира повеќето компјутерски системи кои служат за размена на информации помеѓу Европската Комисија и земјите - членки на ЕУ. Главна цел на проектот е да ги усогласи царинските ИТ системи со соодветните тарифни системи што ја сочинуваат ИТО на Европската Унија. Проектот ќе се спроведува една година.

19.09.2013 - 14:23
Фото: 
Канал5

најчитано сега