Јанкуловска: Иако е неморално СДСМ може да продолжи да ги брани осомничените од „Шпион“

 

Денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, истакна дека иако не е морално кон граѓаните на оваа земја, сепак СДСмможе да продолжи да ги брани осомничените во аферата „Шпион“ кои работеле спротивно на интересите на Република Македонија. 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вака одговори на реакцијата на СДСМ за акцијата „Шпион“ и подвлекува дека  граѓаните ќе запомнат оти и портпаролот на партијата Петре Шилегов и изворите од Владата на Грција, уште првиот ден излегле со осуда за мегаскандалот кој го откри македонската полиција.

- Токму граѓаните и ќе го дадат својот одговор на следните избори за ваквото однесување на СДСМ. Нам ни е јасно дека странските служби изгубиле свои драгоцени извори во земјава, но вистинското прашање кое ќе треба да го одговори СДСМ е што тие изгубија со акцијата на МВР. Мене ми е кристално јасно дека СДСМ не ги почитува и ги игнорира државните институции на Република Македонија, но уште во текот на вчерашниот ден, експресно, беше демаскирана лагата и манипулацијата на портпаролот Петре Шилегов. Истата може да биде повторена уште сто пати, но тоа не значи дека некогаш ќе стане вистина, стои во одговорот - реакција од министерката Јанкулоска.

- Жалам што СДСМ негува патолошка омраза кон институциите и што поединци засегнати од работењето на полицијата, одлучија да се заштитат затскривајќи се зад анонимни партиски соопштенија. Јавно ги повикувам, од утре поединечно креаторите на овие бесмислици да излезат на партиската говорница и потоа храбро да му се придружат на Шилегов во одбраната на своите манипулации пред судот, се вели во реакцијата од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

19.09.2013 - 16:29

најчитано сега