ВМРО-ДПМНЕ ќе го каже ставот за референдумот

 

Денеска е важен ден и клучен датум кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти ставот во однос на референдумот закажан за 30 септември. Главното прашање е дали опозицијата ќе донесе одлка да го повика своето членство на бојкот или на гласање.

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ веќе се закажани состаноци со пратеничката група, на ИК и на ЦК.

Неколку пати досега лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски јасно кажа дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема да поддржат промена на Устав со цел промена на уставно име и дека за нив договорот е штетен и како што велат капитулантски. На последното обраќање истакна дека народот сам одлучува.

 

 

 

 

 

11.09.2018 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега