Коалицијата „ЗА европска Македонија" во Македонска Каменица, Делчево, Пробиштип, Демир Капија и Старо Нагоричане
Коалицијата ЗА европска Македонија ќе одржи повеќе средби со граѓани, трибини и собири ширум земјата.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на трибина со граѓани во Домот на култура во Македонска каменица, со почеток од 18:00 часот.
Потоа, премиерот ќе разговара со граѓаните на Делчево на летната сцена пред Спомен дом на АСНОМ, со почеток од 20:15 часот.
Почнувајќи од 13:15 часот, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде со граѓаните на Пробиштип.
Шекеринска ќе се сретне со градоначалникот на Пробиштип, по што ќе следуваат заеднички изјави за медиумите.
Во 19 часот, министерката ќе се обрати на граѓански собир во Злетово, општина Пробиштип.
Од 12:30 часот, министерот за транспорт и врски Горан Сугрески ќе биде со граѓаните на Дојран.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и заменикот министер за животна средина Јани Макрадули ќе бидат со граѓаните во Демира Капија од 13:00 часот.
Во 19 часот, двајцата ќе имаат обраќање на граѓанскиот собир на плоштадот во Демир Капија.
Од 13:10 часот, заменикот министер за образование Петар Атанасов ќе биде со граѓаните во Старо Нагоричане.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа