УЕФА воведува трето клуско натпреварување во Европа

 

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да воведе ново клупско натпреварување почнувајќи од 2021 година.

Засега не е познат каков ќе биде форматот, но бројот на екипи во евро-куповите би се проширил на 96.

- Зелено светло е дадено, одобрување е во тек. Сегашниот модел треба да се модернизира, рече официјалниот претставник на УЕФА и претседател на Јувентус Андреа Ањели.

Тој на Собранието на Европското здружение на клубови (ЕЦА) во Хрватска рече дека прво треба да се утврди календарот на натпреварот.

- Потребна е детална проценка на постојниот календар на меѓународни натпревари пред воведувањето на новиот модел, изјави Анели.

До 2008 УЕФА имаше три натпреварувања кога Купот Интертото беше укинат.

Во моментов се играат Лигата на шампионите и Лига Еврпа, а според проценките новото натпреварување би можело да се воведе најрано во 2021 година.

 

 

 

11.09.2018-13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега