СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика своите членови да излезат на референдум и да гласаат ЗА европска Македонија
Од СДСМ денеска излегоа со реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија свелат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност за државата и историскиот момент и наместо при јавно достапен договор да шири невистини, да се приклучи во процесот што ја води Македонија во ЕУ и НАТО.
„Постигнатиот Договор со Грција ги отвора евроинтегративните перспективи и го зајакнува и заштитува македонскиоит иденитет. Со Договорот, Грција го признава македонскиот идентитет, а македонската посебност е потврдена еднаш засекогаш. Со влезот во ЕУ и НАТО, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо стануваат официјални во заедници од над 500 милиони луѓе. Тоа е трајна заштита на македонскиот јазик.
Договорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за македонските граѓани. Со него се отвора патот за влез во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет.
ВМРО-ДПМНЕ денеска треба ги повика своите членови и симаптизери да ја искористат историската шанса, да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат ЗА влез во ЕУ и НАТО, да гласаат ЗА европска Македонија! “, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа