ММФ бара Тирана да го намали јавниот долг
Претставниците од Меѓународниот монетарен фонд, кои се во посета на Тирана, ја повикаа новата албанска Влада да преземе дејствија за намалување на јавниот долг на земјата.
Шефот на ММФ Надим Илахи, изјави дека се потребни брзи дејства за намалување на албанскиот долг, како и за намалување на задолженијата кон приватни претпријатија во земјата. Тој ја повика новата албанска Влада да интервенира, зашто во спротивен случај економијата на земјата ќе биде во ризична ситуација.
Според нив, тие треба да се фокусираат на даночната политика и приходите, кои регистрираат пад в последно време.
20.09.2013 - 10:16
Фото:
економски.мк