„Бојкотирам“ ја „прекинаа“ расправата, поднесоа декларација на македонскиот народ до МАНУ

 

За време на научната расправа во МАНУ движењето Македонска преродба го изразија незадоволството од Преспанскиот договор пред самата зграда со нивниот слоган „Бојкотирам“, објави ТВ 21. Овој договор тие го толкуваат како бришење на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. По извесно време им беше овозможено да влезат во салата, но и да се обратат од говорницата.

„Сметаме дека во овие пресудни мигови за нашата држава и македонскиот народ во оваа институција од големо значење МАНУ да биде заведен во архивата овој документ, на кој што од денес понатаму ќе може да се повика секој Македонец во било која постапка во која ќе се одлучува за неговите основни човекови права и слободи“, велат од движењето Македонска преродба.

 

 

 

11.09.2018 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега