Јанчев: ВМРО-ДПМНЕ треба да ги повика членовите да излезат на референдумот
Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за" или „против", изјави за МКД.мк Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека вчера не присуствувал на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и дека гласал телефонски.
„Колку што знам, само јас бев против ставот на партијата граѓаните, членството, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ мора да има прецизен став, за бојкот или за излегување на референдумот. Вака топло-ладно не ѝ личи на партијата“, вели Јанчев.
Тој кажа дека наскоро ќе го соопшти неговиот став во врска со референдумот кој ќе се одржи на 30. септември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа