Митко Јанчев: Не се согласувам со одлуката на мојата партија - треба да се гласа на референдумот

 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека не се согласува со одлуката на партијата на референдумот членството да се повика да дејствува по сопствено убедување.
Јанчев во изјава за МКД.мк вели дека партијата требала да повика да се поддржи референдумот.

Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за" или „против"– вели Јанчев за МКД.мк

Јанчев за порталот вели дека не присуствувал на вчерашната седница на ЦК, но дека гласал телефонски.  МКД.мк пишува дека подолг период Митков не се согласувал со политиките на раководството.

 

 

 

12.09.2018 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега