Две човечки тела скапувале под земја половина век - каков хорор се случил во Гостивар?
Експерт за обдукција претпладнево оцени дека откопаните коски кои беа пронајдени при копањето за изградба на зграда во Гостивар, се од најмалку двајца луѓе и се стари најмалку половина век.
Како што информираа утрово од тетовската полиција, коските, вчера ги открил машинистот Х.И. (55) додека копал со багер. Кога ги забележал коските, тој веднаш запрел со работа. Откако газдата на фирмата - инвеститор на зградата пријавил во полиција, за случајот бил известен и истражен судија.
Според жителите во околните куќи, на местото каде што се откриени коските немало гробишта, ниту пак таков случај бил забележан во минатото, пренесува МИА.
20.09.2013 - 11:33