Подравка: Не се грижете - во Македонија нема неисправни Ева сардини

Од ДТУ Подравка ДООЕЛ денеска информираат дека на македонскиот пазар нема производ „Ева сардина со магдонос и лук“ кој е предмет на повлекување од хрватскиот пазар.

Од компанијата велат дека овој производ, кој е повлечен од хрватскиот пазар поради проблеми со конзервата, воопшто не бил ни увезен на македонскиот пазар.

 

20.09.2013 - 11:57

најчитано сега