Лајчак смирува: Нема место за паника поради визите
Шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак, во Белград изјави дека нема место за паника поради неодамнешното усвојување механизам кој овозможува укинување на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.
- Мислам дека усвојувањето на механизмот не е причина за паника. Механизмот е повеќе вид мерка за акција на ЕУ или некоја држава членка ако дојде до драматичен раст на бројот на луѓе кои доаѓаат од овој регион и ако се злоупотребува безвизниот режим, додаде Лајчак.
Лајчак укажа дека воведувањето механизам за суспензија е тежок процес и оти не може една земја да донесе одлука за тоа.
На 12 септември европратениците усвоија механизам што овозможува за граѓаните од земјите од кои доаѓаат лажните азиланти - привремено повторно да се воведат визи.