Партијата "Златна Зора" ќе биде отстранета

 

Грчкиот владин портпарол Симос Кедикоглу ги повика сите демократски политички сили „да направат ѕид пред тензиите и насилството во државата“ нагласувајќи дека Златна зора ќе биде отстранета.

„ Не може над законот да поставиш парламентарна партија, но можеш да ја ставиш таа организација пред законот“, изјави Симос Кедикоглу.

Меѓу другото тој додаде дека Владата прави напори за да се справи на законски начин со Златна зора, која има 18 пратеници.

 Изјавата на портпаролот ја дал откако во ноќта меѓу вторникот и средата беше убиен 34-годишен музичар, антифашист од страна на 45-годишен маж кој се претставил како член на Златна зора. Убиството ја шокира Грција и предизвика бурни протести во државата.

20.09.2013 - 12:13
Фото: 
Денешен

најчитано сега