Мицкоски на средба со италијанската министерка за одбрана Елизабета Трента и италијанскиот амбасадор Карло Ромео
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (17 септември 2018-та година) оствари средба со министерка за одбрана на Република Италија Елизабета Трент и италијанскиот амбасадор Карло Ромео.
На средбата се разговараше за актуелната политичката состојба во државата, евроантлантските интеграции на Македонија како и референдум за договорот со Грција.
Мицкоски го потенцираше ставот дека за ВМРО-ДПМНЕ останува неприфатлив договорот со Грција и истиот дополнително државата ја става во незавидна ситуација.
На средбата се нагласија силно развиените билатерални односи помеѓу Италијанската Република и Република Македонија како и потребата од понатамошно надградување на истите. Мицкоски ја афирмираше стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО.
Соговорниците се согласија дека интeграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на спроведување на реформите кои ќе помогнат во остварување на тие цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа