Aко досега не сте направиле ајвар, сега немојте ни да го правите - ова е причината
Aко досега не сте направиле ајвар, сега немојте ни да го правите- барем така велат старите народни обичаи и календари.
Според народниот календар, 15 септември е вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар.
Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.
Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, излупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа