Кирацовски: Во недела се носи историска одлука, да излеземе и сите заедно да заокружиме ЗА
Референдумот во недела е историска, животна шанса на нашата генерација, преку која ја обезбедуваме нашата иднина.
Во недела не се седи дома. Во недела избираме помеѓу ЗА и ПРОТИВ. Дали ќе одиме напред или ќе се вратиме назад. Дали ќе одбереме светлина или темнина, иднина или изолација.
Избираме помеѓу евроспка Македонија или Македонија од која младите ќе се иселуваат во некоја друга европска држава.
Изборот го прават тие што ќе излезат да гласаат. Нивниот избор пред гласачката кутија, ќе ја одлучи иднината на Македонија и на сите граѓани што живеат во неа.
Почитуван граѓанину,
Што и да направиш во недела ќе влијае трајно врз иднината на твојот живот и врз иднината на државата, трајно ќе влијае врз иднината на твоите деца, на нашите деца.
Судбината на идните поколенија е во твоите раце и во твојот глас.
Ти си тој кој одлучува. Затоа во недела излези и гласај ЗА европска Македонија.
Почитувани граѓани,
Ајде сите заедно во недела да излеземе, и да гласаме ЗА европска Македонија, затоа што ова е одлука на нашата генерација.
Александар Кирацовски, пратеник во Собранието на Република Македонија, и дел од Коалицијата ЗА европска Македонија
Охрид
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа