СДСМ: Лажните вести пласирани од опозициската партија е панична реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

 

Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни бидејќи се повеќе нивни членови излегуваат и гласаат, референдумот е демократски, реагираат од СДСМ на обвинувањата од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

„Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, бидејќи и покрај бојкотот што го заговараше раководството на партијата, пратеници и членови на ВМРО ДПМНЕ излегуваат на референдум и гласаат. Лажните вести пласирани од опозициската партија не се ништо друго освен панична реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и покрај бојкотот што го диригира Христијан Мицкоски и дел од негови приврзаници, се повеќе претставници и членови на партијата го игнорираат, излегуваат и го користат своето демократско право да одлучуваат за иднината“, се вели во соопштението од СДСМ.

Од таму додаваат дека лажните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани и од Државната изборна комисија, којашто потврди дека референдумот се спроведува слободно и демократски.

„По деценија злоупотреби на институциите, по деценија притисоци, уцени и закани врз граѓаните и погазување на нивните права, ВМРО-ДПМНЕ, не знае што е фер, демократско и слободно изјаснување во фер и демократски услови. Граѓаните на денешниот референдум гласаат слободно, без притисоци и без закани, во слободна и демократска атмосфера“, велат од СДСМ

 
 

 

 

30.09.2018 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега