СДСМ: Единствената мисија на Иванов е загрозување на иднината

 

Единствената политичка мисија на Ѓорѓе Иванов е загрозување на иднината, да прави штета врз врвните национални и државни интересии, бранејќи го по секоја цена  криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ по обраќањето на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој побара Собранието да ја почитува одлуката на граѓаните на референдумот.

Од партијата велат дека претседателот Иванов е последниот остаток од режимот на ВМРО-ДПМНЕ е лице кое што сака Македонија да не успее, лице кое сака Македонија да остане во изолација.

„Иванов воопшто не се грижи за иднината на државата и нејзините граѓани, тој цврсто стои на страната на темното минато на изолација, уназадување и неизвесност.

Но, колку и да се труди Иванов, Македонија,граѓаните нема да му дозволат да ја закочи македонската иднина.

Волјата на граѓаните е јасна и силна. Над 600.000 граѓани на референдум јасно се определија за влез во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет.

Волјата на мнозинството е конечна и таа мора да биде почитувана од сите, вклучително и на Иванов, лицето што се уште срамно и недостојно ја извршува функцијата“, стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

01.10.2018 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега