Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ демантира: Ниту сум гласала на референудмот ниту ќе гласам за Уставот
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, чие име се споменуваше во медиумите меѓу оние пратеници на опозицијата кои гласале на референдумот, денеска на социјалните мрежи вели дека таа информација не е точна.
„ Како Пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ чуствувам потреба најнапред да повторам дека на референдумот оддржан на 30ти Септември не излегов на гласање и вооедно да Ве информирам дека имам дадено свечена изјава пред Собранието на Република Македонија дека ќе го почитувам Уставот и Законите и врз основа на тоа немам мандат од граѓаните да гласам за промена на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија!“ – напиша Пешевска на социјалните мрежи.
За разлика од неа, пратеникот Драган Данев потврди дека гласал на референдумот но рече дека нема намера да гласа за промена на Уставот. Идентично постапи и пратеничката Даниела Рангелова која за медиумите вели дека нема да поддржи уставни промени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа