ВМРО-ДПМНЕ: Ни трага ни глас од странските инвестиции, ниту еден нов проект
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија вчера одржа прес конференција за медиуми во просториите на Општинскиот Комитет, при што се обрати Андон Сарамандов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.
Граѓаните на општина Гевгелија на 30-ти септември испратија јасна и недвосмислена порака до власта на Социјадемократскиот сојуз, дека го одбиваат и не го одобруваат Договорот од Преспа кој е крајно штетен по македонските национални интереси.
Општинскиот Kомитет на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија се заблагодарува за покажаната демократска свест и ја поздравува зрелоста и одлуката на граѓаните во поглед на историското значење на овој референдум за нашата иднина и иднината на нашите деца.
„Вашата храброст и одлучниот став го испратија во историјата т.н. Преспански договор и покрај сите закани и уцени од страна на функционери на СДСМ od Гевгелија што кулминираа на денот на референдумот.
Тоа се истите оние функционери, директори и раководители на локални и државни установи кои што бараа од Вас да излезете на референдумот и да се самоизбришете, бидејќи во спротивно ќе ви биде загрозено Вашето работно место.
Истите тие директори и раководители од власта успееја да го поделат македонскиот народ како никогаш досега и на 30 септември беше зададен најголемиот удар на демократијата со нивните притисоци врз обичниот граѓанин.
Но благодарејќи на вашата самосвесност, истите тие луѓе што ве потценуваа и ви се закануваа, денеска се срамат од вас. На локално ниво, со сите закани, уцени и телефонски јавувања од страна на функционерите на СДСМ, само 35% од граѓаните на Општина Гевгелија гласаа ЗА реализација на Преспанскиот договор“, изјави Андон Сарамандов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.
Ни трага ни глас од странските инвестиции, ниту еден нов проект, ниту трошка надеж за секој млад човек за посветла и просперитетна иднина. Напротив, секојдневно сме сведоци на низа скандали, корупција, непотизам, сомнителни зделки, газење на човековото достоинство до бескрај. Затоа ОК ВМРО ДПМНЕ Гевгелија нема да им дозволи играта со татковината да ја искористат како изговор за неисполнетите ветувања, непотизмот и криминалот. Сево ова ќе не инспирира да работиме со зголемена енергија и ентузијазам за да си ја зачуваме Македонија, за нашите деца и идни поколенија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа