Кирацовски: Се потврди, уставните измени го зајакнуваат идентитетот, сите пратеници да ги поддржат за иднина во ЕУ и НАТО
На денешната прес-конференција која се одржа во центарот на Собранието на Република Македонија, Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ, соопшти информации во врска со предлог уставните измени од Преспанскиот договор.
„Членството во НАТО и ЕУ, Владата на РМ достави предлог до Собранието, за уставни измени кои што се за уставни измени кои се еден од последните чекори од Преспанскиот договор. Предлог уставните измени се јавно објавени и се достапни до целата македонска јавност. Секој граѓанин и пратеник може да ги прочита и да се увери. Со предлог измените се потврдува се, идентитетот, јазикот, македонската посебност се трајно заштитени и комплетно загарантирани. Паѓаат во вода сите лажни вести, сите измислени конструкции за загрозување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја. Од измените ништо не се губи, напротив се добива. Се обезбедува иднина на Република Македонија во НАТО и ЕУ, со зајакнат идентитет, кој конечно станува признат од целиот свет. Со измените се обезбедува поцврста гаранција на границите и територијалниот интегритет, грижа за Македонцит и иселениците од Македонија во странство, согласно меѓународните стандарди без да се мешаме во внатрешноста на било која држава. Сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ, заеднички да превземат одговорност, обврска во име на граѓаните кои ги избрале да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат спроведени“, рече Кирацовски.
Со повик кон пратениците од ВМРО-ДОМНЕ да не подлегнуваат на закани и притисоци, да гласаат согласно сопственото убедување на граѓаните на РМ.
„Огромното мнозинство граѓани одлучија дека сакаат да ја видат Република Македонија во ЕУ и НАТО“, додаде Кирацовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа