Премиерот Груевски го пушти во употреба локалниот пат Струмица-Попчево

 

Денеска претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, го пушти во употреба новоизградениот локален пат што ги поврзува Струмица и селото Попчево и околните села Рич и Белотино.

- Сите сме сведоци дека долги години наназад многу политичари и партии ветуваа дека ќе го направат овој пат од Струмица до Попчево. Сепак, изборите доаѓаа и заминуваа, ветувањата се даваа и се забораваа, а патот остануваше ненаправен. Сите граѓани кои од Струмица одеа кон Попчево, браната Водоча, комплексот Цареви Кули и другите населени места, мораа да вртат преку патот од Раборци. Ние ветивме дека ќе го направиме патот и за разлика од некои други го исполнивме ветувањето, изјави премиерот Груевски по пуштањето на патот во употреба.

Станува збор за инвестиција вредна 615 илјади евра, а се работи за пат долг шест километри. 

Директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски истакна дека во периодот од 2009 до крајот на 2012 година се изградени вкупно 441 километар локални патишта во вредност од 32 милиони евра. - Во општина Струмица се изградени локалните патишта од Муртино за Свидовица во должина од 2,1 километар, Добрејци-Индустријска зона во должина од околу еден километар и локалниот пат М-6 за селото Сачево во должина од 2,2 километри, рече директорот Георгиевски. 

21.09.2013 - 14:20

најчитано сега