Битолчанец дал 1000 евра за часовник од 250 денари
Еден старец од Битола дал голема сума на пари за часовник кој вреди само 250 денари.
Се работи за 74-годишниот Р.Н. кој вчера околу 12 часот на ул. „Ц.Василев“ бб бил пресретнат од две лица, од кои едно му се претставило дека е од Полска и дека продава рачен златен часовник за 8.000 евра, а дека не ги познава еврата. Старецот дал 1000 евра за часовник вреден 250 денари, па дури подоцна ја сфатил измамата.
21.09.2013 - 15:25