Претседателот Иванов во посета на манастирот Трескавец
Шефот на македонската држава, Ѓорге Иванов, денеска ќе го посети манастирот Трескавец кај Прилеп.
Во манастирот во февруари годинава избувна пожар и изгореа конаците, а беа спасени црквата „Успение на Пресвета Богородица” од 13 век и трпезаријата која датира од 14 век. Исто така, манастирот Трескавец изгоре до темел пред три децении, но манастирското богатство темелно беше обновено во автентичен стил со донации од граѓани и од прилепски фирми.
Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари. Најпосетуван е за празникот Успение на Богородица (Голема Богородица) - 28 август.
22.09.2013 - 10:22