Вечерва заседава Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на Фејсбук му искажа поддршка на Мицкоски, а тоа го направи и патеникот Антонио Милошоски.
Пратеникот Илија Димовски, пак, ја критикуваше актуелната политика на партијата која според него води во изолација и губење на капацитетите да влијае на политичките процеси во државата. Тој го осуди бркањето од партијата на како што вели, т.н. предавници и нелојални членови.
Според него, партијата мора да направи измени во статутот и дисконтинуитет со грешките од минатото, за да може повторно да влијае на политичкјите процеси во државата.
Највисоките тела на партијата во петокот ги исклучија од членство седуммината пратеници кои дадоа поддршка во Собранието за пристапување кон измени на Уставот, согласно Договорот од Преспа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа