Самарас повикува на единство во борбата против нацизмот

 

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја повика на единство нацијата и политичките сили во борбата против нацизмот и за заштита на демократските вредности.

Тој во интервју за весникот „То Вима“ вели дека е одлучен да се спротивстави на криминалната активност на неонацистите од партијата „Златна зора“, чиј член неделава беше уапсен за убиство на лево-ориентиран музичар.

„Демократијата има средства да се спротивстави на предизвиците и ќе ги искористиме на најефикасен начен“, вели Самарас.

 

Во меѓувреме, грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Дендиас во интервју за „Риал њуз“ рече дека преку ревизија на Уставот ќе може да биде разгледана можноста „Златна зора“ да се забрани.

22.09.2013 - 12:04

најчитано сега