Греено чоколадно вино - рецепт кој е хит во регионот
Направете нешто поделикатесно и од греено вино, чоколадно вино за уживање.
Ви требаат 1,5 шолји млеко, 1 шолја црвено вино и 1/3 шолји чоколадо.
- Се ставаат млекото и чоколадото на парчиња во сад, па се ставаат на загреана рингла, да се растопи чоколадото.
- Се меша додека не се добие густина, па се додава постепено виното.
- Се остава кратко да крчка и се става во шолји.
- Може да декорирате со шлаг.
Извор: Готви.мк
24.10.2018 - 19:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа