Преговорите во Кипар не се водат само за да се преговара

 

Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој е во Њујорк каде ќе учествува во работата на Генералното собрание на ОН изјави дека преговорите за разделениот остров не треба да се водат само заради самите преговори.

„Не е важно кога ќе започнат преговорите, туку во какви услови ќе почнат и каква ќе биде процедурата и параметрите, како и рамките во кои ќе се водат“, изјави кипарскиот претседател.

Тој дополни дека е неопходно новиот круг на преговори меѓу двете страни на островот, кои се очекува да почнат следниот месец, да биде добро подготвен.

Анастасиадис уште најави дека при престојот во Њујорк ќе има средби со американскиот вицепретседател Џо бајден, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со кинескиот министер за надворешни работи, како и серија други средби.

22.09.2013 - 13:21

најчитано сега