Како да закиселите зелка на едноставен начин - рецепт кој ѝ е омилен на секоја домаќинка

 

Салата од кисела зелка е традиционално зимско јадење на балканската трпеза.

Сармите од кисела зелка се најголемата радост во секое семејство. Постојат безброј многу рецепти и начини на ставање зелка во буре. На сите заедничко им е зелклата да се нареди, да се посоли и да се полие со вода.

Но, почетниците мора да знаат дека тајната е во тоа што количината сол не се поврзува со количината зелка, туку со количината вода која што се сипува преку неа.

Рецетп:

Еден килограм сол на 30 килограми зелка

Според овој рецепт зелката се поткиселува во многу семејства. Потребни ви се и памучна крпа, камен или тегла.

Главиците зелка исчистени од површинскиот слој листови се мијат, се расекуваат накрсно во коренот и се редат во буре. Неколку главици зелка се сечат на четвртини и половини и тие се редат помеѓу целите главици за да стојат цврсто.

Се налева вода два прста над зелката. Над зелката се става дрвен или пластичен притиснувач. Над притиснувачот се слава камен или тегла полна со вода. Се става крпа и над неа се става потребната количина сол, се подвиткува и се става покрај каменот. Солта полека ќе се натопува и ќе паѓа на дното, така што не е потребно точење.

Затворете го бурето и повремено контролирајте ја количината вода неколку дена. Долевајте вода по потреба, за главиците зелка да не бидат надвор. Потоа мијте го каменот, а доколку се користи тегла, задолжително мијте ја однадвор.

 

 

 

 

31.10.2018 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега