Села: Има нешто поважно од Охридскиот договор за во преамбулата на Уставот

Поважно од Охридскиот договор што се вметнува во преамбулата на Уставот е првата реченица од преамбулата која, како што оценува Села, ја дели едната етничка заедница од другите, кажа лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат-М.

„Се вели дека граѓаните на Македонија, македонскиот народ и другите граѓани кои живеат… значи ние само живееме во Македонија, дека немаме иднина. Ова се елементи кои треба да се променат во Уставот и да се наредат народите без поделба на некоја заедница од друга заедница туку после запирката сите народи да бидат еднакви и зборот што се употребува од 2001 година, но можеби и од 1991 година во Македонија е дека  Македонија е мултиетничко општество. Ние ќе побараме во преамбула да се вметне и овој збор. Мултиетничка држава. Затоа што ова е реалноста на Македонија“, рече Села.

 

 

 

06.11.2018 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега