Јахјага и Николиќ ќе остварат средба во Косово?

 

Шефот на Кабинетот на косовскиот претседател Атифете Јахјага, Арбер Влахиу верува дека една од нејзините следни средби со шефот на српската држава Томислав Николиќ ќе се одржи токму во Косово.

- Јахјага, како домаќин на овој шести по ред самит што ќе се одржи следната година, упати покана за учество и до Николиќ, изјави Влахиу за денешниот број на српскиот весник „Данас“.

По првата дирекна средба во февруари годинава во Брисел, Јахјага и Николиќ досега се сретнаа во неколку наврати на разни регионални или меѓународни самити и форуми, но доколку српскиот претседател допатува во Косово, тоа би била прва нивна средба на територија на една од двете држави.

Осврнувајќи се на Бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина, постигнат со псредство на ЕУ, Влахиу нагласи дека тој ќе има смисол само доколку биде прецизно спроведен, додавајќи дека Косово досега покажало подготвеност и волја за негова импементација.

23.09.2013 - 11:00
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега