Жерновски до ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме за влез во ЕУ преку договорот, вашиот концепт е непознат

Ние преку договоорот сакаме да ја внесеме државата во ЕУ, а вашиот концепт е непознат, рече заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски на денешната седница на Комисијата за уставни прашања, па ги повика ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во процесот, потенцирајќи дека нема да навлегува во замката кој е поголем патриот.

„Заштитата за која зборува опозицијата ја има во нацрт амандманите. Тоа значи дека ако Грција не ја ратификува Спогодбата и протоколот за членството во НАТО, уставните амандмани нема да важат“, кажа претходно Жерновски.

Тој упати критика кон ВМРО-ДПМНЕ за односот кон референдумот, што тие често го наведуваат како аргумент против уставните измени. Заменикот министер потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата барала и граѓаните да бидат консултирани на референдумот.

 

 

 

 

08.11.2018 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега