Мицкоски: Кога ќе дојдеме на власт ќе ги вратиме ниските даноци

Единствен кој што може да биде погоден во овој случај ќе биде државниот буџет и ја користам оваа прилика и во вашата емисија да кажам дека веднаш ВМРО-ДПМНЕ кое ќе победи на следните парламентарни избори ќе го врати повторно рамниот данок, односно ќе ја напушти оваа пракса која што сега ја воведува Владата на СДСМ и Зоран Заев, образложи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување на емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.

-Што се однесува до граѓаните мора да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ како народна партија и како чувар на 4-те свети букви ВМРО секогаш во минатото и така во иднината ќе биде партија која што во исклучителна мерка ќе ги штити интересите на граѓаните и во рамките на тоа ќе практикува такви политики, додаде Мицкоски.

Тој  ексклузивно откри дека секој месец  опозицијата во Собранието ќе поднесува по едно законско решение кое треба да го подобри животниот стандард на граѓаните. Имено тој најави дека ваквото делување на опозицијата ќе започне со предлог Закон за покачување на пензиите за 10 проценти. За крај порача дека едно нешто е декларативното залагање на владата за решавање на проблемите на граѓаните, а друго е суштинското решавање на тие проблеми.

-На пратеници од нашата парламентарна група кои што се дел од коалицијата За подобра Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме до крајот на овој месец  ќе поднесеме до крајот на овој месец предлог Закон во парламентот за покачување на пензиите од 10 проценти па да видиме дали е вистинска намерата и заложбата на владеачкото мнозинство да обезбеди поквалитетен живот за граѓаните во Република Македонија. Еве ќе почнеме од оваа мерка и така секој месец ќе поднесуваме по едно законско решение кое што навистина ќе додаде вредност односно ќе го зголеми квалитетот на живот на нашите сограѓани. Едно е вие вака декларативно со памфлети да мавтате и таканаречени политички одлуки, а друго е суштински и вистински да се занимавате со супстанцата на проблемот, а не само со обландата, вели Мицкоски.

 

 

 

09.11.2018 - 19:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега