Ѓорчев: Како не ви е срам да излезете пред младите, не ги исполнивте ветувањата во прокетот „Младинска гаранција“

На денешната седница во собранието имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев каде што зборуваше за ветувањата кои ги има дадено Владата во таканаречениот „План за живот“ а ги нема исполнето.

Имено, Влатко Ѓорчев истакна дека Владата не ги исполнила ветувањата кон младите во проектот наречен „Младинска гаранција“ каде гарантира дека во период по 4 месеци од завршувањето на образованието или станување невработен секој млад човек треба да добие понуда за вработување.

„Овде во Планот за живот има еден куп излажани работи како на пример во Младинската гаранција каде велите дека 4 месеци по завршувањето на образованието или станување невработен секој млад човек треба да добие понуда за вработување. Како не ви е срам и како ќе излезете пред младите. – праша Ѓорчев,

Ѓорчев потенцираше дека младите во моментот се оние кои се најмногу разочарани и излажани од оваа Влада затоа што ништо што им вети не го реализираше и ниту има намера да го стори тоа.

 

 

 

11.11.2018 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега