Ѓорчев: Наместо за печатени медиуми, парите да се пренаменат за одгледувачите на јаболка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на денешната дебата за Законот за изгршување на буџетот, кажа дека субвенциите на печатените медиуми треба да се доделат на производителите на јаболка во преспанскиот регион.

 

„Како ќе реагиравте ако претходната Влада доставеше предлог. Ќе се јавеа 10 опозициски пратеници. Сугарески дрва и камења фрлаа по предлогот, а сега нудат решение. Кои ќе бидат критериуми. Владата има министерство за вистина, истата влада има министер без трофеј, без ресор. Во Преспа имате илјадници тони јабокја, земјоделците се во очај. За 10 денари добивате 20 килограми јаболка. Со овие пари, може да се помогне на илјадници земјоделци“, истакна Ѓорчев.

 

 

 

12.11.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега