Црквата во Мавровското Езеро на врвот на листата најубави напуштени цркви во светот

 

Реномираниот интернет медиум од САД „Huffington Post“, напуштената црква во Мавровското Езеро ја стави на врвот на листата најубави напуштени цркви во светот.

Освен македонската црква, во прилогот насловен како „Напуштените цркви се неверојатно убави“, се најдоа фотографии и од преубави напуштени цркви во  САД, Белгија, Камбоџа, Франција и Ирска.

- Вообичаено црквите се место каде верниците го наоѓаат својот душевен мир и служат за тивко размислување. Овие свети места се напуштени, а нивната внатрешност е тивка и празна. Сепак тие имаат зачудувачка убавина која може да се види на фотографиите, стои во коментарот на „Huffington Post“.

Прилогот содржи фотографии од 50 цркви во светот.

23.09.2013 - 13:54
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега