ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате кога ќе се врати правната држава

„Вчера се случи директен удар врз демократијата.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ беше под полициска опсада, ваква агресија врз опозицијата никогаш се нема случено во независна Македонија.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение

„СДСМ вчера докажа дека врши хајка врз сите кои мислат поинаку од нив.

ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се жртви на неспособноста на аболицираниот Заев. Година и половина ја уништуваат државата и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој кулминираше вчера.

СДСМ го користи политичкиот прогон врз Никола Груевски и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ. Досега во Европа, и во светот не е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција, да проверуваат и претресуваат партиски активисти со апсурдни образложенија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни, демократски и сите неопходни средства за да застане на патот на злоупотребата на институциите и обидот за замолкнување на опозицијата.

Режисерите на овие сценарија ќе одговараат со враќањето на правната држава и демократијата“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

13.11.2018 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега