Еликсир во тегла: Сок кој успешно се бори со дијабетис, гастритис и снижува крвен притисок

 

Благотворните својства на компирот одамна се познати во медицината, но и покрај тоа преовладува мислењето дека компирот не смее да се конзумира сиров. Тоа е заблуда затоа што „жив“ компирот е многу здрава и повеќекратна корисна намирница.

Лушпата на здрав и органски одгледан компир не содржи никакви отрови штетни по здравјето. Опасно е да се јаде недозреан компир со зелена или со наместа зелена лушпа и зелени делови.

Ако се чувствувате слабо или исцрпено наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и јаболко и во рок од две недели повторно ќе бидете во форма.

Благодети на сокот од компир:

– го зајакнува имунитетот
– го чисти организмот од отрови
– ја негува проблематичната кожа
– се користи како дел од терапија против рак
– помага кај гастритисот и други тегоби во желудникот
– го намалува шеќерот во крвта
– помага кај болести на црниот дроб и бубрезите
– штити од кардиоваскуларни заболувања

Подготовка на сокот:

Добро измијте го компирот и отстранете ги од него сите зелени делови од кората и добро исчистете го. Потоа изрендајте го, ставете го во ленена крпа и исцедете сок. Тука може да искористите и соковник. Сокот секогаш пијте го свежо направен, а поради поубав вкус може да го измешате со овошје и зеленчук по избор, на пример јаболко или морков, сок од лимон или мед.

 

 

 

13.11.2018 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега