Напиток кој неверојатно помага: Една шолја ќе ја истера настинката додека трепнете
Доаѓа зимата, а ќе видиме дали ќе биде долга и ладна. Еден од доминантните проблеми во ова време се вирусите кои не престануваат да досадуваат на жителите.
За успешно да се изборите со настинките и грипот важно е имунитетот да го држите на високо ниво.
Не ви треба чудо, туку само неколку намирници кои ќе обезбедат две шолји напиток за зимската борба
Потребно ви е
- корен ѓумбир
- 4 каранфилчиња
- половина стапче цимет
- цел лимон
- мед
- 4 децилитри вода
Ѓумбирот излупете го и исецкајте го, потоа заедно со каранфилчињата и циметот ставете ги во ладна вода. Напитокот варете го на тивок оган 10 минути. Тргнете го од рингла, поклопете и оставете да отстои 20 минути. Процедете, ставете во шолја и заследете го, по потреба додадете и малку лимон. Нпитокот испијте го топол, никако врел или кога целосно ќе се излади.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа