Месар открива трикови кои ги користи: Вака ќе препознаете расипано месо
Денеска е многу тешко да се биде сигурен во тоа дека ако месото е во продавница дека поминало низ !„законските прописи“ и дека е свежо, односно дека не е расипано.
Првиот чекор е секогаш да се погледне во декларацијата на месото, ако ја има. Секако посигурно е да се купи месо од домашно производство, кое неретко е поскапо, но со добра причина - помали се шансите да е старо.
Ова е основен тест кој може да открие дали месото е расипано. На ум треба да се има нормалната боја на месото - месото од пердувести животни е бело до жолтеникаво. Во совршени услови свинското треба да има розево-сивкаста боја, раскажува долгогодишен месар.
При прегледување на пилешкото обрнете внимание на деловите околу коската, тие не смеат да бидат темни. Повеќето луѓе го мешаат месото со силно црвена боја, која не е негова природна боја, туку резултат од допир со воздух.
Ако месото е вакумирано, неговата боја треба да е виолетово-црвенкаста, додека потемнижата боја зборува за старо животно, што не значи дека месото е расипано.
Јунешкото пак, природно е црвено, па по текстура цврсто. Овој тип месо треба да биде прошаран со тенки, не широки жили, додека жолтата масна жила упатува на тоа дека животното било старо.
Ако во јунешкото забележите сивкасти или црни делови, не го купувајте. Генерално, кај меленото месо се можни измами, па најдобро е да барате да го сомелат пред вас.
Јагнешкото месо треба да биде светло розова боја, по текстура црвсто како јунешкото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа