СДСМ: Просечната плата за септември е порасната за над 2000 денари од септември 2016 година

„Платите растат, работниците добиваат повеќе пари. Трендот на раст на платите и повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во секое семејство се очекува да продолжи и наредната година, со реализација на мерките од предлог Буџетот.

Просечната плата во месец септември оваа година изнесува 24.355 денари. Тоа е зголемување за 2.164 денари во однос на септември 2016 година, во времето на претходната на власт.

Растат и пензиите. Покрај работниците и пензионерите добиваат повеќе пари. Просечната пезнија во септември 2018 изнесува 14.500 денари. Зголемувањето е за речиси 1.400 денари повеќе отколку во септември 2016, во времето на претходната власт.

Започнатиот тренд на раст на доходот во секое семејство дополнително ќе се интензивира со мерките од Буџетот за 2019 година кој обезбедува повеќе пари и поддршка за граѓаните.

Вработените во образованието, во социјалните центри, детските градинки, одбраната, во здравството, војската, полицијата, администрацијата и судството добиваат повиоски плати за 5 отсто. Докторите специјалисти пак добиваат повисоки плати од 10 отсто.

Преку зголемената државна поддршка за претпијатијата, се стимулира раст на платите и во приватниот сектор.

Со воведувањето на гарантираниот минимален приход и семеен пакет на права, оние граѓани -приматели на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош.

Околу 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток.

Владата предводена од СДСМ, продолжува со реализација на мерките за економски раст, повисоки плати и подобар живот за сите“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2018 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега