Најдобриот пекар откри рецепт за совршен леб: Трикот е едноставен, но никој не го применува

 

Славниот британски пекар и слаткар Пол Холивуд откри рецепт, но и низа совети за најдобар домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак воздушест и мек одвнатре.

Потребно ви е:

500 грама полубело пченично брашно

10 грама сол

10 грама инстант квасец

370 милилитри ладна вода

масло

Подготовка:

Набавете една округла тава или две тепсии, од кои едната ќе е подлабока.

Брашното, солта и квасецот измешајте ги во еден сад, па во смесата додадете 3/4 вода, и повторно меѓштајте. Кога тестото ќе почне да се формира во кугла, додадете го остатокото од водата. Матете ја смесата со миксер од 5 до 6 минути, се додека тестото не стане нежно и лесно.

Префрлете го тестото во сад во форма на круг и покријте го со крпа. Оставете да отстои и чекајте околу еден час, додека смесата не се зацврсти.

Работната површина намрсете ја, па на неа ставете го тестото, но бидњете внимателни. Тестото поделете го на 4 или 5 помали парчиња. Од секое со дланките обликувајте мали багети и редете ги на тепсија која претходно сте ја прекриле со хартија за печење. Тепсијата завиткајте ја со пластична кеса или најлонска фолија и оставете тестото да стаса еден час.

Рерната загрејте ја на 220 степени, а на дното не рерната не заборавајте да ставите една подлабока тепсија која треба да се грее.

Кога багетите ќе стасаат, посипете ги со брашно, направете неколку резови на нив и ставете ги во рерна.

Загреаната тепсија на дното наполнете ја со вода, за да испушта пареа додека се пече лебот.

Печете 25 минути, се додека мини багетот не добие златна боја. Изладете го лебот и добар апетит.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2018 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега