Чешки медиуми: Нечас се ожени со поранешниот шеф на Кабинетот Нагиова
Чешките медиуми денеска пишуваат дека поранешниот чешки министер, Петар Нечас, се оженил за долгогодишната пријателка и поранешен шеф на Кабинетот, Јана Нагиова.
Свадбата се одржала во саботата во близина на Прага, а токму Нагиова е рпичината поради која 48-годишниот Нечас се разведе по повеќе од 25 години брак од сопругата Радка со која има четири деца.
Љубовната врска на Нечас со Нагиова го чинеше и премиерска функција во јуни. Нагиова сега е на суд за корупција и злоупотреби на власта додека била шеф на Кабинетот.
24.09.2013 - 14:31
Фото:
24вести