Баронесата Д'Соуза во дводневна посета на Македонија

 

Денеска во дводневна посета на Македонија доаѓа баронесата Францес Д'Соуза, лорд, спикер на Горниот Дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Предвидено е Д'Соуза да положи свежо цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија, а потоа да оствари средба со собранискиот спикер Трајко Вељановски, на чија покана е во земјава. Потоа таа ќе се обрати пред пратениците, а ќе оствари средба и со претседателот на пратеничката група за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ермира Мехмети.

Баранесата Д'Соуза во Владата ќе оствари средба и со вицепремиерите Владимир Пешевски и Фатмир Бесими и со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

За време на својата дводневна посета во Македонија, Баронесата ќе го посети и Тетово.

25.09.2013 - 09:20
Фото: 
А1.он

најчитано сега