Легализирани 4.000 дивоградби во Тетово

Во Тетово веќе се легализирано 4.000 дивоградби. Како што информира Неџати Зулбеари, од секторот за урбанизам, досега се примени 8.000 барања за легализација на дивоградбите.

- Најголем број од се уште нерешените барања имаат проблем со геодетските елаборати кои не се потполни поради што им ги враќаме на барателите да ги докомплетираат особено во делот на расчистување на имотно правните односи,  приватизирањето на земјиштето и слично, рече Зулбеари.

Поднесувањето на барањата за легализација на бесправно изградените објекти заврши во септември 2011 година. 

25.09.2013 - 10:28
Фото: 
Журнал.мк

најчитано сега