Демократски сојуз: Амнестија по завршување на судскиот процес
Демократскиот сојуз во целост ја поддржува имплементацијата на Договорот помеѓу Македонија и Грција, како и обидите за обезбедување на парламентарно мнозинство (2/3), неопходно за уставните промени. Но, партијата смета дека при изнаоѓањето компромис, вклучително и носење на Закон за амнестијата, мора да се почитува принципот на презумпција на невиност и воздржување од упад на законодавната во судската власт, особено што судскиот процес за 27 април 2017 година е во завршна фаза, соопштуваат од партијата.
„Доколку предвреме се донесе Законот за амнестија, тешко ќе се откријат сите инволвирани во крвавиот четврток и обидот за државен удар, а “селективната” правда, дополнително ќе го охрабри Ѓорге Иванов, да донесе одлука за аболиција на организаторите и насилниците. Демократскиот сојуз сугерира прво да се заврши судскиот процес, а потоа да се разгледа можноста за амнестија, со тоа што Законот за амнестија да стапи во сила едновремено со изгласувањето на уставните промени. Поради сето ова, Демократскиот сојуз укажува дека, целокупниот процес треба да се води доста претпазливо и одговорно, за да не се сруши владеењето на правото и правната држава, како основни предуслови за продолжување на евроатланските процеси“, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа